Исчезната е 15-годишната Кристина од Охрид, семејството бара помош за нејзино пронаоѓање
При излегувањето од домот Кристина била облечена во црна маица и широки фармерки. Секој кој има некаква информација да ја пријави на телефонските броеви 075 238 015 и 075 238 017, или во најблиската полициска станица.

Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната. Според пријавата, на 12 август околу 16 часот Кристина се оддалечила од својот дом. Случајот е пријавен во СВР Охрид, од каде информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
При излегувањето од домот Кристина била облечена во црна маица и широки фармерки.
Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат информации за нејзиното движење да пријават во полиција.
Информациите можат да се пријават на телефонските броеви 075 238 015 и 075 238 017, или во најблиската полициска станица.







