Skip to main content

Во јуни во Охрид издадени 10, а во Струга 9 одобренија за градење

На ниво на државата во јуни 2026 година се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година
 |  инфодеск  | 
градежни работи

Во Охрид во јуни издадени се 10 одобренија за градење. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, планирана е изградба на 111 станови со вкупна корисна површина од 6 621 м2 од кои најголем дел двособни (68) и трособни (21). Седум одобренија се издадени на физички лица, а три на правен субјект како инвеститор.


Во Струга во јуни издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 на физичко лице а едно одобрение на правен субјект. Во Вевчани се издадени 6 одобренија, а во Општина Дебрца едно.

На ниво на државата во јуни 2026 година се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупно 296 објекти, на 218 (или 73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64 266 м2.