Skip to main content

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро кај Пештани

Извршен бил увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
 |  инфодеск  | 

На 12 август, во 14:32 часот, во СВР Охрид било пријавено дека од водите на Охридското Езеро, во близина на Пештани, било извлечено машко лице во бессознание.

Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу било констатирано дека лицето починало. Според првичните информации, немало видливи повреди.

Било утврдено дека станува збор за 46-годишен турист од Грузија.

Извршен бил увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.