Пронајдена 15-годишната девојка од Охрид која беше пријавена за исчезната
Полициски службеници ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“.

Петнаесетгодишната девојка од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена жива и во добра состојба.
Од СВР Охрид информираат дека денеска (13 август), во 12:20 часот, полициски службеници ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“.
По преземените мерки и активности, во содејство со Центарот за социјални работи, девојката е предадена на нејзините родители.







