Саем на мед во Охрид – „Запознај го локалниот пчелар“

Од 14 до 16 август, на плоштадот „Крушевска Република“, ќе се одржи традиционалната саемска манифестација „Запознај го локалниот пчелар“, посветена на охридските пчелари, пчелните производи и традицијата на пчеларството.
Осум локални изложувачи ќе ги претстават своите производи, мед, прополис, матичен млеч, восок и други природни производи од пчеларството.
Но, манифестацијата не е само саем. Посетителите ќе имаат можност директно да го запознаат пчеларот кој стои зад медот што го купуваат, да дегустираат домашни пчелни производи, но и да дознаат повеќе за животот на пчелите и значењето на пчеларството за природата и заедницата.
Манифестацијата традиционално ги поврзува локалните пчелари и граѓаните, со посебен акцент на промоцијата на домашниот производ и зачувувањето на пчеларската традиција.
За состојбите во пчеларството и предизвиците со кои се соочуваат пчеларите ќе говори и претседателот на Пчеларското здружение „ОХРИД“.
Организатор е Пчеларското здружение „ОХРИД“, со поддршка на Општина Охрид.
Саемот започнува во 18 часот.







