Приведен австриски државјанин во Охрид, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14 август 2026 година во 02:55 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 32-годишен државјанин на Австрија.
При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.







