Спаска доби отказ од работа во Блегоевград
Спаска Митрова не успеа да се скраси ни во Бугарија. Само по неколку недели вработена како учителка доби отказ.
По само неколку недели вработена како учителка по англиски јазик во школото “Александар” во Благоевград, со нејзината неодговорност не успеа да ја задржи работата пренесуваат бугарските медиуми.
Барала премногу слободни денови. Понеделник и петок да не работи, но и постојано барала замена- изјавуваат нејзините колеги , па децата на крај не сакале таа да работи со нив.
Митрова во ова училште беше повикана од самиот директор , кој е лидер на партијата ГЕРБ .Тој вели дека Спаска неможела да се адаптира затоа што освен на децата требало да им предава на возрасни.
Во последниот период бугарските новинари ја забележале Спаска Митрова како се вози во автомобил кој припаѓа на партијата АТАКА, чиј лидер е Волен Сидеров посинок на европратеникот Димитар Стојанов, кој пред неколку месеци ја вработи Митрова како советник за македонски прашања.
{loadposition content9}