Skip to main content

Oхрид во знакот на спортовите на вода во рамки на програмата на Ohrid Water Festival

Со богатата спортска програма, Ohrid Water Festival продолжува да го промовира Охрид како дестинација за развој и одржување на различни спортови на вода.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на програмата на Ohrid Water Festival 2026, со кои градот уште еднаш беше во знакот на спортовите на вода.

Во водите на Охридското Езеро љубителите на водените спортови имаа можност да проследат повеќе атрактивни натпревари, меѓу кои Меѓународната кајак регата, Red Bull Педалинка, Меѓународниот ватерполо турнир, како и Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2026“, која трае четири дена и завршува денеска.

Во рамки на фестивалот се одржа и Меѓународниот едриличарски тренинг камп „Охрид 2026“. Тридневниот камп претставува дополнителна можност за унапредување на едрењето, стекнување нови знаења и размена на искуства меѓу учесниците.

Со богатата спортска програма, Ohrid Water Festival продолжува да го промовира Охрид како дестинација за развој и одржување на различни спортови на вода.