Градоначалникот Пецаков се сретна со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс
Како што информира Пецаков, на средбата било разговарано за приоритетните проекти поврзани со спроведувањето на препораките на УНЕСКО, како и за проектите насочени кон младите.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.
Како што информира Пецаков, на средбата било разговарано за приоритетните проекти поврзани со спроведувањето на препораките на УНЕСКО, како и за проектите насочени кон младите.

„Ја запознав амбасадорката Варнс со финансиските политики на актуелната локална власт, кои обезбедија стабилност на општината, а разговаравме и за економската состојба на градот и развојот на туризмот“, објави Пецаков.
Средбата се одржа во рамки на првата официјална посета на Варнс на Општина Охрид.







