Денеска во Охрид почнува турнирот „Крсте Андоновски“, ГРК Охрид го брани трофејот

Од денеска до 22 август, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржува петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.
На турнирот ќе настапат осум екипи, поделени во две групи. Македонија има два претставника, домаќинот Охрид и Вардар. ГРК Охрид ќе го брани трофејот освоен на минатогодишното издание.
Во групата А се Охрид, репрезентацијата на Египет до 20 години, Војводина и Загреб.
Во групата Б ќе се натпреваруваат Вардар, Олимпијакос, Нексе и Тимо Требње.
Групната фаза ќе се игра од 18 до 21 август според следниот распоред:
Вторник, 18 август
16:30 – Вардар – Олимпијакос
18:45 – Охрид – Египет У20
21:00 – Војводина – Загреб
Среда, 19 август
16:30 – Загреб – Египет У20
18:45 – Охрид – Војводина
21:00 – Нексе – Тимо Требње
Четврток, 20 август
16:30 – Војводина – Египет У20
18:45 – Олимпијакос – Тимо Требње
21:00 – Вардар – Нексе
Петок, 21 август
16:30 – Нексе – Олимпијакос
18:45 – Вардар – Тимо Требње
21:00 – Охрид – Загреб
На 22 август се играат натпреварите за пласман и големото финале.
Билети за натпреварите од турнирот можете да набавите на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ по цена од 100 денари за натпревар или 800 денари блок билет.
Натпреварите од турнирот „Крсте Андоновски“ ќе ги пренесува Арена Спорт Македонија.







