Лебот нема да поскапи
Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема затоа што производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите.
| Маја Савиќ | Македонија
Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема затоа што производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите.
Тие почнале да купуваат жито од соседството, а дали ќе се зголеми цената на лебот зависи, како што нагласија вчера, од евентуалното поскапување на влезните суровини.
– Ситуацијата е на некој начин стабилна, но е условена од случувањата во околните земји. Засега најавите од Србија се дека цената на пченицата ќе стагнира. Моментно се движи од 165 до 170 евра за еден тон – рече Благоја Стојчев, претседател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија и сопственик на „Млин Стојчев“, напоменувајќи дека нема потреба од паника.
Според него, пченица, брашно и леб ќе има. Тој не ја исклучи можноста помалите пекарници да ја коригираат цената, особено на векните до 300 грама што сега чинат по 11-12 денара. Но, големите капацитети не размислуваат за поскапување. Сепак, ситуацијата на домашниот пазар ќе се следува затоа што во соседството производството на пченица е намалено за 20 проценти. Домашната продукција, пак, е помала за 35 проценти од лани.
Мелничарите уште еднаш го посочија проблемот со нелојалната конкуренција што ја создаваат малите пекарници кои, главно, како што истакна Стојчев, ги немаат воведено елементарните стандарди.
Во согласност со анализите на Комората, откупот на годинашниот род пченица ќе се интензивира овој месец. Цената на стартот на откупот беше 9 денари, а сега достигна од 12,5 до 13 денари за еден килограм.
Практиката од изминативе 20 години покажува дека домашното жито секогаш се откупува. Така ќе биде и годинава, тврдат мелничарите.
{loadposition content9}