Јавна расправа за стратешката оцена за влијанието врз животната средина во Охрид за УЗ 2

Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратешка оцена на влијанието врз животната средина за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за урбана заедница 2, урбан блок 2.2, како и за Деталниот урбанистички план за урбана заедница 2, урбан блок 2.2 – опфат 4, во обединета постапка.
Нацрт-извештајот е ставен на јавен увид во Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид. Документот може да се разгледа секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот, во периодот од 19 август до 18 септември 2026 година.
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржат на 11 септември 2026 година во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот.
Правните и физичките лица, како и заинтересираната јавност, можат да достават мислења, забелешки и предлози во врска со Нацрт-извештајот во рок од 30 дена од денот на објавувањето на информацијата.
Своите мислења заинтересираните страни можат да ги достават по електронска пошта на zivotnasredina@ohrid.gov.mk или по пошта на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид.
Од Општина Охрид ги повикуваат сите заинтересирани страни да учествуваат на јавната презентација и расправа и да ги дадат своите мислења, забелешки и предлози.
Извештагот за стратегиска оценка на овој ЛИНК.






