Промоција на туристичките потенцијали на Македонија и Чешка во „Прличевата одаја“

Претставници на министерството за култура и туризам на Чешка и на Македонија, како и тур оператори и хотелиери денеска во „Прличева одаја“ во НУ Библиотека “Григор Прличев” ги претставија туристичките потенцијали на двете земји како и можноста за соработка и инвестиции со цел туристичката размена да добие на интензитет и квалитет.

Чешка и Македонија поседуваат богато културното наследство, природни пејзажи, езера, планини, гастрономијата и разновидните форми на културен и искуствен туризам. Обете земји имаат значителен потенцијал да привлечат посетители и понатаму да ги развиваат своите туристички пазари.

Директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска накусо пред присутните ги претстави напорите на установата за вклучување во културниот туризам при што беше прикажано и видеото посветено на најстарата книга која ја поседува библиотеката, Пчињското евангелие од крајот на шеснаесеттиот век а на присутните им беше поделен и каталогот посветен на евангелието. Видеото е синхронизирано на пет јазици а каталогот освем на македонски е преведен и на англиски, германски и француски јазик.

Гостите од Чешка а и директорката Трпеска изразија надеж дека наскоро библиотеката ќе започне соработка со некоја сродна установа од Чешка.
Промоцијата на културните и туристичките потенцијали беше придружен настан организиран во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка на Република Македонија и Охрид.








