„Above the Lake“ по третпат на Долни Сарај во Охрид
Посетителите ќе имаат можност да откријат врвни вински етикети, да се запознаат со македонските винарии и да уживаат во внимателно одбрани дегустации.

Во сабота, 22 август 2026 година, на Долни Сарај во Охрид ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Above the Lake“, вински настан наменет за љубителите и вистинските познавачи на виното.
Посетителите ќе имаат можност да откријат врвни вински етикети, да се запознаат со македонските винарии и да уживаат во внимателно одбрани дегустации.
„Без разлика дали сте вистински познавач на виното или штотуку го откривате неговиот свет, ве очекува чаша исполнета со уникатни вкусови и ароми“, порачуваат организаторите.
Настанот ќе се одржи на „Долни Сарај“ во периодот од 18:00 до 01:00 часот.
За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 078/374-702.







