Skip to main content

Асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман

По долгогодишното очекување, жителите на Орман, како и сите верници и посетители на црквата, конечно добиваат уреден и пристапен пат.
 |  инфодеск  | 

Заврши асфалтирањето на патот кој води до црквата „Свети Наум“ во село Орман, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

По долгогодишното очекување, жителите на Орман, како и сите верници и посетители на црквата, конечно добиваат уреден и пристапен пат.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Од Општина Охрид посочуваат дека продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот и обезбедување рамномерен развој во сите населени места во општината.