Донација на мобилен грејач за новороденчиња во Општа болница Охрид

ЈЗУ Општа болница Охрид доби вредна донација наменета за подобрување на условите за згрижување на најмалите пациенти.
Станува звор за мобилен грејач за новороденчиња NINGBO DAVID – Warmer, медицински апарат кој ќе се користи за потребите на новороденчињата во болницата.
Од Општа болница Охрид изразуваат благодарност до донаторот, компанијата „Дамчевски“ ДООЕЛ, истакнувајќи дека ваквата опрема овозможува подобра термичка заштита и посигурна грижа за новороденчињата, особено во нивните најчувствителни моменти.

Од болницата посочуваат дека поддршката од општествено одговорните компании е значајна за унапредување на условите во здравствената установа и претставува пример за грижа и одговорност кон заедницата.
„Заеднички, создаваме подобри услови и посигурна грижа за нашите најмали пациенти“, порачаа од ЈЗУ Општа болница Охрид.







