Тројца битолчани приведени по пријавен физички напад во Пештани
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тројца жители на Битола се приведени во врска со физички напад пријавен во охридското село Пештани.
На 23 август 2026 година, околу 17:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле тројцата битолчани, на возраст од 25, 47 и 22 години, по претходна пријава дека во селото физички го нападнале 42-годишен жител на Пештани.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.







