Skip to main content

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица организиран превоз до Скребатно

Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно за празникот Успение на Пресвета Богородица.
 |  инфодеск  | 

По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2026 г. (петок), Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Пречиста. Тргнувањето е во 08:30 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец во 9:30 часот. Тргнувањето за назад е во 16:30 ч.