Вечерна богослужба во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во четврток
Со богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

На 27.08.2026 година (четврток), во навечерието на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба со Опело на Пресвета Богородица, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Празничното торжество ќе продолжи наредниот ден, 28.08.2026 година (петок), во Македонски Брод, каде што, со почеток во 08:45 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.







