Skip to main content

Пазарите преплавени со лажен мед, апел да се купува од локални пчелари

Лажниот мед сè почесто се појавува на пазарот, а потрошувачите тешко можат сами да утврдат што има во теглата. Пчеларите велат дека сомнително ниската цена е првиот аларм, а најсигурен избор е медот од познат и регистриран локален производител.
 |  инфодеск  | 

Пазарите преплавени со лажен мед, кој  сè потешко се препознава. Единствен сигурен доказ за неговиот состав е лабораториската анализа. Пчеларите велат  природниот мед годинава во охридскиот регион ќе достигне цена од околу 700 денари за килограм, па предупредуваат дека нереално ниските цени треба да бидат првиот сигнал за внимателност.


-Апел до потрошувачите да купуваат локални производи, да купуваат од познат пчелар, да ги поддржат локалните пчелари, а со тоа и националната економија.Замислете како би можело да биде 20 евра или 200 денари, четири тегли мед, кога производната цена на медот е далеку повисока од тие 300 денари, ако ја земеме како единична цена на медот. Да му се верува на локалниот пчелар и со тоа да се поддржуваме самите меѓу себе,
вели Наум Трпчески претседател на Здружение на пчелари Охрид.

Во трката за брз пофит и намалените пчелни приноси, се почесто на понуда е неприроден мед. Потребни се засилени контроли и казни за оние,.кои манипулираат со купувачите.


-Би апелирале до Агенцијата за храна и ветеринарство да одобри поголем буџет за инспекторите за земање мостри по пазарите и општо по сите продажни места во Македонија.Ние како пчелари бараме да се прават многу почести контроли и, нормално, прво од нас да почнат контролите, и тоа да биде почесто, вели Трпчески.

И интернет просторот е преплавен со продажба на лажен  мед, кој се претставува како природен. Регистрираните пчелари имаат законска обврска – еднаш годишно да прават анализа на секоја нова реколта мед, трговците немаат.

Новинар Соња Рилковска