„Штафетно нуркање за мир“ во Охрид, 14 учесници испратија порака за мир и толеранција
Од Црвен крст Охрид упатуваат благодарност до сите учесници, волонтери и поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на настанот.

Вчера на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ се одржа „Штафетно нуркање за мир“, уникатен летен настан во организација на Црвен крст Охрид, реализиран во рамки на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026.
Во настанот учествуваа 14 нуркачи, кои ја изразија својата хуманост преку нуркање на здив на патека долга 25 метри. Најмладиот учесник имаше 11, а највозрасниот 72 години.

„Штафетно нуркање за мир“ испрати симболична, но силна порака за мир, меѓусебна почит и толеранција, обединувајќи учесници од различни генерации околу заедничка идеја.
Од Црвен крст Охрид упатуваат благодарност до сите учесници, волонтери и поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на настанот.









