оу „григор прличев“
Продолжениот престој во ОУ„Григор Прличев“ засега само за учениците од второ одделение
Од училиштето посочуваат дека родителите навремено ќе бидат известени за дополнителните детали поврзани со почетокот и организацијата на престојот

ОУ„Григор Прличев“ ги известува родителите дека продолжениот престој во претстојниот период ќе биде организиран само за учениците од второ одделение и тоа во претпладневната смена, а за учениците од трето одделение, продолжениот престој ќе започне по завршувањето на градежните работи.
Во нивното соопштение информираат дека продолжениот престој ќе се реализира во училница број 2, во новата училишна зграда. Од училиштето посочуваат дека родителите навремено ќе бидат известени за дополнителните детали поврзани со почетокот и организацијата на престојот.
Од училиштето упатија благодарност до родителите за разбирањето и соработката.







