Skip to main content

Се уредува улица со велосипедска и пешачка патека од автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска

Проектот опфаќа реконструкција на 700 метри од постојната сообраќајница, како и изградба на пешачка патека и велосипедска патека, со широчина од по 3 метри.
 |  инфодеск  | 

Започна асфалтирањето на улицата во Езерски Лозја, на потегот од автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро.

Проектот опфаќа реконструкција на 700 метри од постојната сообраќајница, како и изградба на пешачка патека и велосипедска патека, со широчина од по 3 метри.

-Станува збор за инвестиција која значително ќе ја подобри инфраструктурата и безбедноста на движењето во една од атрактивните локации на Струга, долж брегот на Охридското Езеро, посочуваат од Општина Струга.

Проектот се реализира во рамки на Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project, под надзор на Министерството за транспорт, во соработка со Општина Струга.