Петар Паунче – Скитник со визуелна приказна за Охридското Езеро вечерва на Ohrid Water Festival 2026
Почетокот е закажан за 20:00 часот, на кеј „Македонија“, пред поранешниот хотел „Палас“.

Во рамките на Ohrid Water Festival 2026, вечерва охридскиот фотограф Петар Паунче – Скитник ќе ја претстави изложбата „Охридското Езеро од минатото до денес“, преку која посетителите ќе имаат можност да го видат езерото низ една поинаква, визуелна приказна.
Изложбата го следи Охридското Езеро низ времето, неговото минато, сегашност, но и неговата непрекината убавина, забележана низ објективот на познатиот охридски фотограф.
Почетокот е закажан за 20:00 часот, на кеј „Македонија“, пред поранешниот хотел „Палас“.
„Ве очекуваме на уште една приказна посветена на нашиот бисер, во рамки на Ohrid Water Festival 2026“, порачуваат организаторите.







