Работник почина по пад од бандера во Елшани
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Работник во телекомуникациска компанија почина откако вчера попладне паднал од бандера во охридското село Елшани.
Според информациите од МВР, на 27 август 2026 година во 14:40 часот било пријавено дека 48-годишен жител на селото Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување на работни задачи во Елшани паднал од бандера.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







