Продолжена забраната за движење во шумите, посета на НП Галичица со предходна пријава

Поради зголемената опасност од појава на шумски пожари, а согласно препораките на Владата и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се продолжува забраната за движење во шумите на територијата со која управува Јавната установа Национален парк Галичица.
Забраната продолжува од 01.09.2026 до 30.09.2026 година.
Во овој период, движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено исклучиво согласно пропишаните правила и процедури на ЈУ Национален парк Галичица.
Овие мерки се воведуваат со цел да се заштити природното богатство на паркот, да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари и да се обезбеди безбедност за сите посетители.
Како да ја пријавите својата посета?
Пополнете ја електронската форма и ќе добиете автоматска е-мејл потврда, која треба да ја зачувате и да ја прикажете на овластено лице доколку биде побарана.
Вашата регистрација значи одговорност и придонес за зачувување на шумите и биодиверзитетот на Галичица.
Пријави се тука:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdas15…/viewform…








