Skip to main content

општина охрид

Меѓународни џез звуци на последната вечер од Охрид Џез Фестивал

Со оваа вечер завршија четирите фестивалски денови исполнети со млади музички таленти, етно-џез, класичен џез и меѓународни музички гости, претворајќи го Охрид во место на средба на различни џез изрази.
 |  инфодеск  | 

Со меѓународната џез вечер синоќа свечено заврши овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал 2026.

Завршната вечер беше посветена на 100-годишнината од раѓањето на легендите на светскиот џез – Miles Davis и John Coltrane. Пред охридската публика настапи Branko Sterpin Quartet, во состав Branko Sterpin – труба, Kristian Terzić – пијано, Zvonimir Šestak – контрабас и Adriano Bernobić – тапани, со специјалниот гостин Vojkan Jocić, еден од истакнатите хрватски тенор-саксофонисти.

Концертната програма ги обедини композициите на Davis и Coltrane, претставени низ современ музички израз и со посебен пиетет кон нивното богато музичко наследство.