Вечерва средба во „Касарна Хаб“ за Буково
Повикот следува по последниот пожар на депонијата, поради кој Охрид деновиве повторно се соочува со чад и непријатна миризба.

Проблемот со депонијата „Буково“ ќе биде тема на средба вечерва во „Касарна Хаб“. Еко активисти преку социјалните мрежи повикуваат вечерва во 19 часот на средба на која граѓани, организации, активисти и експерти ќе разговараат за конкретни чекори за итно и трајно решавање на проблемот.
Повикот следува по последниот пожар на депонијата, поради кој Охрид деновиве повторно се соочува со чад и непријатна миризба. Од „Касарна Хаб“ велат дека нема да има официјални говорници, политика и партиски поделби, туку отворена дискусија за предлози, активности и граѓански притисок за конечно решавање на деценискиот проблем со „Буково“.







