Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“
На колонијата ќе учествуваат 17 ликовни уметници од земјава и странство.

Од 1 до 9 септември, Охрид ќе биде домаќин на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“, во организација на Општина Охрид. На колонијата ќе учествуваат 17 ликовни уметници од земјава и странство, кои преку својот уметнички израз ќе создаваат инспирирани од Охрид, неговото културно наследство и уникатниот амбиент.
Запознајте ги уметниците кои ќе бидат дел од оваа уметничка приказна на следниот ЛИНК.







