Skip to main content

Во петок започнува есенскиот циклус за подигнување кабаст и зелен отпад, првaта акција ќе биде во Стар Град

Во рамки на првата акција од есенскиот циклус, во петок, 4 септември 2026 година, ќе се врши подигнување кабаст и зелен отпад од У.З. 1 „Стар Град“.
 |  инфодеск  | 

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид од петок, 4 септември, го започнува есенскиот циклус од Календарот за 2026 година за акции за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид.

Во рамки на првата акција од есенскиот циклус, во петок, 4 септември 2026 година, ќе се врши подигнување кабаст и зелен отпад од У.З. 1 „Стар Град“.

Од „Охридски Комуналец“ ги повикуваат жителите на оваа урбана заедница кои имаат кабаст или зелен отпад, истиот уредно да го депонираат најдоцна до 07:00 часот во петок, на 4 септември.

Од претпријатието апелираат граѓаните претходно да ја пријават локацијата на која ќе биде оставен отпадот, на дежурните телефонски броеви:

📞 075/495-428
📞 075/397-944

Од „Охридски Комуналец“ посочуваат дека акциите се реализираат согласно Календарот за 2026 година, со цел навремено и организирано подигнување на кабастиот и зелениот отпад од охридските населени места.