Подароци и поддршка од општината за првачињата во Дебрца

Првиот училишен ден за најмладите ученици од Општина Дебрца беше одбележан со подароци и дополнителна финансиска поддршка од локалната самоуправа.
Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, денеска ги прими првачињата од ООУ „Дебрца“, на кои им беа доделени училишни ранци со потребниот прибор.За секое прваче е обезбедена и еднократна финансиска поддршка од 10.000 денари, со цел да им се помогне на семејствата на почетокот на новата учебна година.


Од Општина Дебрца најавуваат и нови училишни униформи за учениците. Како што информираше градоначалникот Сиљаноски, изработката е во завршна фаза, а униформите наскоро ќе им бидат доделени на учениците.
Сиљаноски упати порака до првачињата да бидат љубопитни, вредни и посветени на знаењето, истакнувајќи дека младите се иднината на Општина Дебрца.







