Утре прекин во водоснабдувањето во цела Струга
Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Поради изведување работи за замена на вентили, утре, 2 септември (среда), ќе има прекин во водоснабдувањето на целата територија на Општина Струга.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга информираат дека прекинот ќе трае во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.







