општина охрид
Општина Охрид ќе го одбележи јубилејот 35 години од независноста на Република Македонија
Општина Охрид со богата програма ќе го одбележи јубилејот 35 години од независноста на Република Македонија.

Општина Охрид со богата програма ќе го одбележи јубилејот 35 години од независноста на Република Македонија.



Програмата ќе започне на 4-ти септември со креативна интерактивна работилница за деца која ќе се одржи на плоштадот „Вангел Наумовски“во 19:30 часот. На 5-ти септември ќе се одржи Меѓународен фестивал во НУЦК „Григор Прличев“, а во Куќата на Уранија ќе биде претставена изложбата на Јордан Манасијески насловена „Уште една средба со светлината“.
На 6-ти во Лапидариум ќе биде поставена изложба на подводни фотографии, додека на 7-ми охриѓани и гостите ќе можат да ја посетат Изложбата на дела од Првата меѓународна ликовна колонија и да уживаат во традиционалнипт концерт на ВИС Билјана „Охридска визита“.







