Утре на Плошник доделување на „Инженерски прстен“ на 14 најуспешни дипломирани инженери

На 4 септември 2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, ќе се одржи свеченото доделување на признанието „Инженерски прстен“ 2026.
На свеченоста ќе се обратат претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов, како и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош.
Свеченото доделување на „Инженерски прстен“ во Охрид ќе биде можност да им се оддаде признание на најуспешните млади инженери и да се одбележи нивниот значаен успех, како и почетокот на нивниот професионален пат.
Ова значајно признание, се доделува на најуспешните дипломирани инженери, и годинава, по 23 пат, ќе биде врачено на 14 млади инженери.




