Skip to main content

Само 213 регистрирани станоиздавачи во Струга

Проблемот со сивата економија во туризмот е главниот фокус на кампањата „Фер туризам“ на Управата за јавни приходи, која денеска продолжи во Струга со едукативна средба со туристичките работници и даночните обврзници.
 |  инфодеск  | 
Струга Црн Дрим

Само 213 станоиздавачи се регистрирани во Струга. Реалната бројка, се претпоставува дека е повеќекратно поголема. Голем дел од оние кои сместуваат туристи  не се категоризирани , не ги пријавуваат приходите и не плаќаат ниту туристичка такса.

Проблемот со сивата економија во туризмот е главниот фокус  на кампањата „Фер туризам“ на Управата за јавни приходи, која денеска продолжи  во Струга со едукативна средба со туристичките работници и даночните обврзници.

-„ Она што го очекуваме од ваквите состаноци се позитивни промени, промени во јавната свест на даночните обврзници, да ги почитуваат законите и, преку плаќањето на даноците, да учествуваат во развојот на туристичките центри, онака како што сите посакуваме – да се развиваат како и другите туристички центри секаде во светот.“, истакна Весна Николоска Ристеска координатор на УЈП – ПЕ Охрид.

Приходите од туристичката такса во Струга пораснале од околу 3 милиони денари во 2022 година на околу 6 милиони денари минатата година,.  но од Општината велат дека тоа е сè уште недоволно за туристички центар како Струга.

-„Имаме инспектори прв пат псоле 20 години имаме инспектори кои ќе излезат на терен и ќе ги убедиме граѓаните да се регистрираат и тие пак ќе имаат повеќе туристи. 0239 Ќе работиме на тоа поле за идната година да имаме повеќе такса за градот“,  вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Од Општината најавуваат и дигитализација, преку која треба да бидат опфатени сите станови и објекти кои се издаваат, со цел да се зголеми опфатот и наплатата на данок и туристичка такса.

Новинар Соња Рилковска