Skip to main content

Вечерва детска работилница „Колку ја познаваме нашата татковина?“ на плоштад „Вангел Наумоски“

Организаторите ги покануваат најмладите да бидат дел од оваа креативна и едукативна дружба, исполнета со игра, забава и љубов кон татковината.
 |  инфодеск  | 
Полоштад кај Мини Маркет

Денеска, 4 септември, најмладите охриѓани ги очекува интересна и креативна работилница посветена на нашата татковина.

Под наслов „Колку ја познаваме нашата татковина?“, децата преку игра, забава и креативни активности ќе имаат можност да откријат нешто ново и интересно за Македонија.

Работилницата ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет).

Настанот е во организација на Драмското студио „Ден и Ноќ“, како дел од проектот „Културата расте со децата – за сите деца“, во рамки на програмата на Општина Охрид по повод 35 години од независноста на Република Македонија.

Организаторите ги покануваат најмладите да бидат дел од оваа креативна и едукативна дружба, исполнета со игра, забава и љубов кон татковината.