Skip to main content

Возел со 2,40 промили алкохол, полицијата го сопрела помеѓу Калишта и Радожда

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
 |  инфодеск  | 

На 6 септември во 00:30 часот, на регионалниот пат меѓу струшките села Калишта и Радожда, полициски службеници лишиле од слобода 50-годишен жител на Радожда поради управување возило под дејство на алкохол.

При контрола во патниот сообраќај, полицајците запреле патничко возило „Пежо“, кое го управувал мажот, при што со алкотест било утврдено присуство на 2,40 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а возилото и возачките документи му биле одземени.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.