„Охридски Комуналец“ со акции за подигање селектиран отпад на „Железничка“ и соседните улици, кабаст и зелен отпад во централното градско подрачје

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со активностите за одржување на чистотата во Охрид и правилно управување со отпадот, а во наредните два дена ќе реализира акции за подигнување селектиран, кабаст и зелен отпад.
На 10 септември 2026 година (четврток) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика, хартија и картон од жолтите и сините канти на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.
Од „Охридски Комуналец“ ги повикуваат граѓаните да го почитуваат Календарот за подигнување на селектираниот отпад и во жолтите и сините садови да одлагаат исклучиво соодветен отпад – пластика, односно хартија и картон.
Ден подоцна, 11 септември 2026 година (петок), ќе се реализира акција за подигнување кабаст и зелен отпад во реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населбата Охридати.
Граѓаните од овие делови на градот кои имаат кабаст или зелен отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07:00 часот на 11 септември, а локацијата претходно да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.
Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните одговорно да го одлагаат отпадот и да ги почитуваат термините предвидени со календарот, со цел акциите да се реализираат навремено и ефикасно.




