Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид ги повикува младите да се приклучат на програмата „Млади лидери создаваат иднина“

Програмата ќе започне на 15 септември 2026 година и ќе трае до крајот на првото полугодие од учебната година, а работилниците ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид на улица „Димитар Влахов“ број 52.
 |  инфодеск  | 

Од Црвен крст Охрид информираат дека повторно ќе ја реализираат програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“, а програмата може да ја посетуваат ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Учеството во оваа програма е бесплатно.

-Црвен крст Охрид ја спроведува програмата „Млади лидери создаваат иднина“ со цел да им овозможи на младите учесници да ги зајакнат вештините што ќе им помогнат да го остварат својот потенцијал и стремежи, како и да придонесат кон развојот на нивните заедници. Учесниците ќе посетат 13 работилници за унапредување на животни, лидерски и вештини за вработливост. Исто така, во рамките на програмата ќе се организира и панел за кариера, велат од Црвен крст Охрид.

Од таму додаваат дека реализацијата на програмата ќе започне на 15 септември 2026 година и ќе трае до крајот на првото полугодие од учебната година, а работилниците ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид на улица „Димитар Влахов“ број 52.

Црвен крст Охрид упатува покана до сите заинтересирани ученици да се пријават за учество во програмата најдоцна до 13 септември 2026 година на линкот.