Skip to main content

јп охридски комуналец

Утре ќе се подига кабаст и зелен отпад во централното градско подрачје

Граѓаните од овие делови на градот кои имаат кабаст или зелен отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07:00 часот на 11 септември, а локацијата претходно да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.
 |  инфодеск  | 

Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека утре, петок, 11 септемвр, ќе се реализира акција за подигнување кабаст и зелен отпад во реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населбата Охридати.

Граѓаните од овие делови на градот кои имаат кабаст или зелен отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07:00 часот на 11 септември, а локацијата претходно да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните одговорно да го одлагаат отпадот и да ги почитуваат термините предвидени со календарот, со цел акциите да се реализираат навремено и ефикасно.