Во тек уписите за Бреинобреин, утре отворен ден во просториите на Црвен крст

Од Црвен крст Охрид информираат дека во тек се есенските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на деца од 4 до 14-годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
-Ги покануваме родителите со своите деца да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!, порачуваат од Црвен крст Охрид.
Детали за уписите и пријавување на телефоните 046 261 909 или 078 227 433, на е-маилот ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8 до 16 часот, а детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата кој ќе се реализира утре, 11.09.2026 г. (петок) од 17:00 до 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид





