грк охрид
ГРК Охрид ги пушти во продажба сезонските билети за сезоната 2026/27
Цената на сезонскиот билет изнесува 3.500 денари, а истиот важи за натпреварите на охридскиот клуб во Супер лигата, Регионалната лига и Купот на Македонија.

ГРК Охрид ги пушти во продажба сезонските билети за сезоната 2026/27, а љубителите на ракометот можат да ги набават на билетарата кај СРЦ „Билјанини извори“.
Цената на сезонскиот билет изнесува 3.500 денари, а истиот важи за натпреварите на охридскиот клуб во Супер лигата, Регионалната лига и Купот на Македонија.
Посебна поволност е тоа што имателите на сезонски билети ќе имаат предност при купувањето билети за натпреварите на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот Куп, а дополнително, со секој сезонски билет следува и дрес од новата едиција на клубот за сезоната 2026/27.




