УХМР
Денес сончево и топло, за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време
Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.




