Skip to main content

општина охрид

Општина Охрид организира обука за женско претприемништво

Пријавувањето е во период од 15.09 до 25. 09 2026г. на телефонскиот број 070 841 266  и на електронската адреса  worldsmarteducation@yahoo.com
 |  инфодеск  | 

Согласно годишната програма на Одделението за Лолкален економски развој, Општина Охрид  на 1-ви Октомври  започнува со  петдневна  стручна обука за жени претприемачи. Обуките ќе ги  реализираат  стручни лица од World Smart Education.

Пријавувањето е во период од 15.09 до 25. 09 2026г. на телефонскиот број 070 841 266  и на електронската адреса  worldsmarteducation@yahoo.com

По обуките жените кои ќе бидат дел од проектот се стекнуваат со практични знаења и вештини за претприемништво, ќе  разменуваат искуства и бизнис идеи  и ќе добијат сертификат за завршена обука.

Со проектот Општина Охрид продолжува со спроведување на мерките предвидени во Стратегијата за поддршка  на женското претприемништво, со цел создавање поволни услови за развој и афирмација на жените во бизнис- секторот.