Утре Црвен крст Охрид организира крводарителска акција и демонстрација на пружање прва помош

Од Црвен крст Охрид информираат дека утре, сабота, 12 септември 2026 година, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид, ќе спроведе крводарителска акција. Оваа акција ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од 10:00 до 14:00 часот.
Исто така, по повод Светскиот ден на првата помош, што се одбележува на 12 септември, волонтери на Црвен крст Охрид обучени за укажување прва помош ќе им претстават на заинтересираните граѓани како се постапува во одредени итни ситуации (хипотермија, дехидратација, давење, трауматски повреди, исцрпеност и слично). Оваа активност ќе се одвива на 12.09.2026, на платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“, од 11:00 до 12:00 часот. Годинава, Светскиот ден на првата помош е посветен на темата прва помош и миграции.



