општина вевчани
Денес изложба на олдтајмери во Вевчани
Изложбата започнува во 16 часот.

Денес во Вевчани со почеток во 16:00 часот во спортското двориште, по втор пат ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).
Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓаните на општината тој ден да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското двориште и ги покануваат сите заинтересирани да уживаат во овој несекојдневен настан.




