Skip to main content

Утре ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун

Утре со пригодна свеченост ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (1996-2026) во селото Ботун.
 |  инфодеск  | 

Утре, недела, 13 септември, со пригодна свеченост ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (1996-2026) во селото Ботун.

По тој повод, од 07:30 часот ќе се одржи Воскресна утрена богослужба, а од 09:00 часот Света Архиерејска Литургија ќе одржи Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Од 11:30 часот е предвиден свечен ручек и голема народна веселба.