Триесет години од осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун, Општина Дебрца, вчера, 13 септември 2026 година, беа одбележани 30 години од осветувањето на манастирскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица.

По тој повод, во Петнаесеттата недела по Педесетница, на празникот Полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица, како и на споменот на свети Кипријан, Епископ Картагински, свети Јован, Патријарх Цариградски, и свети Јован, Митрополит Киевски, во манастирскиот храм беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
На богослужението присуствуваше многуброен верен народ, кој заедно во молитва го одбележа значајниот јубилеј на манастирот и три децении од осветувањето на храмот. На светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.







