Расчистени 9 мини депонии во Охрид и приградските населби

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистија 9 локации на кои беа создадени мини-депонии во поширокото градско подрачје од кои две се наоѓале во село Велгошти.
Од претпријатието информираат дека, и покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад, како и континуираните апели до граѓаните за правилно депонирање, повторно се регистрирани локации на кои несовесни поединци незаконски го одложувале отпадот.


Од ЈП „Охридски Комуналец“ повторно апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии и, доколку имаат потреба од одлагање кабаст или зелен отпад, да ги контактираат дежурните служби на телефонските броеви: 075/397-944 и 075/495-428.
Од претпријатието посочуваат дека правилното одлагање на отпадот е заедничка одговорност и важен чекор кон почиста и поздрава животна средина.





