Skip to main content

На 18 септември „Охридски староградски средби 2026“

Годинешното издание ќе понуди програмски квалитет кој значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века, со посебен акцент на староградската песна и музичкото наследство.
 |  инфодеск  | 
Охридски староградски средби

На 18 септември 2026 година, во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржат 38. „Охридски староградски средби 2026.

Манифестацијата претставува значаен придонес кон зачувувањето на традицијата и старите, автентични песни, кои со својата вредност и убавина сведочат за богатата културна ризница на минатите векови.

Годинешното издание ќе понуди програмски квалитет кој значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века, со посебен акцент на староградската песна и музичкото наследство.

Пред охридската публика ќе настапат ансамбли и изведувачи од Македонија и регионот: ВИА „Распеани Стружани“ – Струга, „Вокален Октет“ – Прилеп, КУД Нико Пусошки „Распеани Кичевчани“ – Кичево, ДС Лепеница – Крагуевац , ВИС Орнаменти – Штип, КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца.

„Охридски староградски средби“ низ годините прераснаа во препознатлива културна манифестација која го чува споменот на музиката, песната и градската култура од едно минато време, пренесувајќи ја традицијата до новите генерации.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во автентичниот дух на староградската песна, како своевидно навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.